Последен ден на Европското првенство за кошаркари до 20 години што се одржува во Полска. Програмата утрински ќе ја отворат кошаркарите на Македонија и Црна Гора.
Тоа се двете селекции кои најмалку покажаа на ова младинско првенство, па затоа ќе играат во натпреварот за претпоследното место.
По шесте порази на шампионатот, едната од нив денеска сигурно ќе ја прокнижи првата победа. Но и по неа нема да има простор за радост бидејќи двете заедно следната година ќе играат во второлигашката „Б“ дивизија.
Натпреварот Македонија – Црна Гора што ќе почне од 11 часот, ќе можете да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.