Поранешниот ракометар на скопски Вардар, Илија Абутовиќ би можел да биде ново засилување, но за битолски Еурофарм Пелистер. Ваквите информации ги пренесуваат српските медиуми, но засега нема потврда од таборот на македонскиот шампион.
Српскиот дефанзивец претходните две сезони ги играше за француски Шарт. Пред тоа четири години играше во Рајн Некар Левен, каде што пристигна од редовите на Вардар.
За вардарци Абутовиќ настапуваше седум сезони и беше член на шампионскиот тим кој во 2017-та ја „покори“ Европа.
Доколку трансферот се оствари, Србинот би бил петтиот ракометар кој ќе ги засили редовите на Еурофарм Пелистер кој и пристојната сезона го чека настап во Лигата на шампионите.