Поранешниот ракометар на Вардар, од оваа сезона го носи дресот на хрватскиот првак ППД Загреб. 39-годишниот ракометар и репрезентативец на Русија ќе ја продолжи соработката со тимот од Хрватска до 2025 година, што би збачело дека ќе игра до 42-та година. Дибиров како ракометар на Вардар освои две европски шампионски титули, а во „црвено-црниот“ дрес настапуваше од 2013 до 2022 година и беше миленик на навивачите на Вардар.
Неговиот тим ППД Загреб в среда го игра последниот натпревар од групата на домашен терен, а имаат исклучително тежок ривал бундеслигашот Магдебург.
Магдебург е одличен тим. Од првиот натпревар се сеќавам дека се здобив со повреда на главата. Мора да одиграме најдобро. Добро е и што навивачите полека се враќаат на нашите натпревари, истакна Дибиров пред дуелот со германскиот тим.
За ППД Загреб остануваат уште два натпревара на гости против ГОГ и одложениот дуел со Порто.