Ангела Јанкуловска во наредната сезона ќе игра во Чешка. За Јанкуловска ова е прв интернационален предизвик во својата кариера.
Таа потпиша со тимот на Славија од Прага. Чешкиот тим претходната сезона заврши на четвртото место на табелата во плеј-офот.
Ангела претходните три сезони настапуваше за тимот на Ѓорче Петров каде се докажа како една од поквалитетните во екипата. Со македонскиот шампион изминатата сезона успеа да освои и двојна круна. Таа воедно со Ѓорче Петров успеа да стигне до четвртфиналето од Европскиот Куп.
Пред да стане дел од Ѓорче, Ангела играше за екипите на Куманово и Пелистер.
Јанкуловска во неколку наврати беше повикана и настапуваше за сениорската репрезентација на Македонија.
Ивона Кимовска