Со освојувањето на турнирот во Мадрид, полската тенисерка Ига Швјонтек ја зголеми предноста во однос на конкуренцијата на ВТА листата.
Ига сега има уште 700 поени во однос на второ рангираната Арина Сабаленка која заостанува вкупно 3.412 поени. Тоа е најголемата разлика во последните 14 месеци.
Третото место на листата го држи Коко Гоф, додека Јелена Рибакина е на четвртото, а Џесика Пегула е петта.
Топ десет листата ја комплетираат. Маркета Вондрушова, Чинвен Џенг, Марија Сакари, Онс Џабер и Јелена Остапенко.