По завршувањето на Мастерсот во Мадрид на кој триумфираа Андреј Рубљев, денеска е објавена најновата АТП ранг листа.

Таму на врвот и натаму останува српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Иако Новак е без настап на турнирите извесен период, Србинот и натаму е „рекет“ број 1. Новак е на првото место со 9.990 бодови, додека Јаник Синер е втор со 8.860.

Новак ќе биде прв на листата најмалку до 10 јуни, со оглед на тоа што Синер нема да настапи во Рим поради повреда. Тоа значи дека математички никој дотогаш нема да може да го престигне Новак. Така на Ѓоковиќ ќе стигне дои бројката од вкупно 428 недели, четири повеќе од сегашната.

Зад водечкиот тандем, се Карлос Алкараз, Данил Медведев и Александар Зверев. Победникот во Мадрид, Андреј Рубљев напредуваше две позиции и сега е шести.

ТОП-10 ги заокружуваат, Руд, Циципас, Хуркач и Димитров.