Најдобрата машка ракометна репрезентација на Македонија, се подготвува за двомечот со Фарските Острови. Тоа е бараж дуел преку кој Македонија брка континуитет на настап на големите натпреварувања, во случајот Светското следната година.

Со пристигнувањето на Никола Митревски и Филип Талевски, Македонија од вчера е комплетна. Селекторот Кирил Лазаров на располагање ги има сите ракометари.

Еден од оние од кој најмногу се очекува е младиот бек на алкалоид, Марко Митев. Одличните настапи на минатото Европско првенство, Митев го промовираа во еден од лидерите на оваа македонска селекција.

За дуелите со Фарските Острови, Марко смета дека клучна ќе биде играта во одбраната и дека е важно како ќе заврши првиот натпревар во Торшавн. А, тој ќе се игра во среда (8 мај) со почеток од 20 часот.