Македонскиот одбојкарски првак Штип УГД вечерва ќе дебитира во елитната Лига на шампиони. Освојувачот на двојната круна, гостува кај холандскиот првак Орион Старс во првиот квалификациски натпревар.
Овој историски меч за штипската одбојка ќе се одигра во салата „Саза Топспортхал“ во Дутинхем.
Избраниците на тренерот Кристијан Ристески се целосно подготвени за овој голем европски предизвик. Екипата ќе атакуваат на нов европски успех, по ланскиот триумф над норвешкиот Кол ИЛ во Радовиш во Челенџ купот.
Одличната форма на Штип УГД беше потврдена со неодамнешното освојување на Суперкупот во Тетово. Во борбата за овој трофеј беше сигурно совладан составот на ГОК Борец од Велес.
Вечерашниот дуел меѓу Орион Старс и Штип УГД ќе почне во терминот од 20 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇
Реванш натпреварот ќе се одигра следната недела во новата спортска сала „Џексон“ во Штип.
Доколку УГД Штип успее да ја мине првата пречка, тогаш во втората рунда ќе се соочи со словенечката екипа АЦХ Волеј Љубљана. Поразениот тим, ќе продолжи во 1.коло од ЦЕВ купот.





























