Македонскиот стратег Емил Рајковиќ повеќе не е тренер на рускиот кошаркарски гигант ЦСКА Москва. Раководството на клубот реши да ја прекине соработката со Рајковиќ.
Оваа одлука доаѓа по новиот пораз на ЦСКА во дуелот со Уникс Казан, во кој македонските репрезентативец Ненад Димитриевиќ го одигра мечот на кариерата.
Впрочем, во краток период, Димитриевиќ беше предводник на Уникс во двата триумфи над СЦКА, па, популарниот Нено е условен „виновник“ за прекинот на соработката на Рајковиќ и ЦСКА.
Пред ЦСКА, Рајковиќ ги предводеше екипите на Фени Индустри, Работнички, Сласк Вроцлав, Астана и Автодор. Наследникот на Рајковиќ е веќе познат, тоа е Гркот, Андреас Пистолис.