Македонската пресметка во ВТБ лигата, повторно ја доби Ненад Димитриевиќ кој го водеше Уникс до победа над ЦСКА предводена од Емил Рајковиќ/.

Пупуларниот Нено одигра уште еден брилијантен натпревар во кој беше прво име, а Уникс Казан ја совлада ЦСКА Москва со 88-78.

Димитријевиќ натпреварот го заврши со рекордни 40 поени. Предводникот на македонската репрезентација имаше ефект 8/11 поени за два, 7/9 поени за три, 3/4 слободни фрлања. Згора на тоа додаде и 9 асистенции и 6 скока.

Со оваа „партија“, Димитриевиќ само потврди дека е главен фаворит за признанието МВП