Понеделнички вообичаено се објавуваат најновите тениски ранг листи. На машката, АТП, и натаму лидер е Новак Ѓоковиќ. Иако Србинот беше елиминиран во полуфиналето на Мастерсот во Монте Карло, тој ја почнува 421-та седмица на првото место.

Зад него остануваат: Јаник Синер, Карлос, Алкараз, Данил Медведев и Александер Зверев.

Голем сок направија финалистите од Монте Карло. Иако загуби, Каспер Руд сокна за четири позиции и сега е шести, а победникот Циципас со пет места прогрес, сега е седми.

Тоа е на сметка на Рубљев, Хуркач и Димитров кој паднаа за едно односно две места и го комплетираат списокот од ТОП-10. Од него испадна Данецот, Руне кој од седмото падна на 12-тото место.