Малку фалеше на на дуелот од четвртфиналето во Лигата на шампионите меѓу Атлетико Мадрид и Борусија Дортмунд да дојде до инцидент.
Домаќините го добија мечот со 2:1, а жестоката битка на теренот, за малку не се префрли и меѓу клупите на двата тима.
Тренерот на Атлетико Диего Симеоне имаше „блиска“ средба со спортскиот директор на Борусија, Себастијан Кел.
Но брзата реакција на официјалните лица спречи поголем инцидент.
По мечот Кел истакна дека такви работи се случуваат на натпреварите, а Симеоне знае зошто.
„Не треба да зборувате за тоа, туку за работите на теренот, емоциите се наталожуваат во таква ситуација, вечерва требаше да го покажете вашиот став, ништо повеќе. Тоа се случи поради ситуацијата на теренот, Симеоне знае зошто. Нека тој остане на тоа “, рече Кел, кој за време на својата играчка кариера во Дортмунд освои шест трофеи за 13 години.
Реванш дуелот до Дортмунд ќе биде „пеколен“ знаејќи ја атмосферата која владее на тој терен, па останува да се види како Симеоне ќе реагира таму.
— karola’s media acc (@hidurmi) April 10, 2024