Женска одбојкарска јуниорска репрезентација на Македонија до 18 години, вечерва го почнува настапот во квалификациите за Европското првенство 2024-та.

Македонските јуниорки се дел Б групата, на турнирот во Врњачка Бања, Србија. Покрај домаќинките Србинките, против кои ќе играат денеска, за противнички ќе ги имаат и врсничките од Чешка и Холандија.

Инаку ова е втора рунда од континенталните квалификации за одбојкарки на оваа годишна возраст. На првиот одржан во Софија, младите македонски одбојкарки не успеаја да се израдуваат на победа. „Втора шанса“ добија благодарение на откажувањето на неколку селекции.

Сите натпревари на македонските одбојкарки ќе може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
1.коло четврток

16.30 Чешка – Холандија
19.00 МАКЕДОНИЈА – Србија
2.коло петок
16.30 МАКЕДОНИЈА – Холандија
19.30 Чешка – Србија
3.коло сабота
16.30 МАКЕДОНИЈА – Чешка
19.30 Холандија – Србија