Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас со својот тим Аталанта на најдобар можен начин, со гол и победа, го почна настапот во Конференциската лига. Елмас постигна брз гол за Аталанта која оствари убедлива победа со 3:1 против кипарскиот Пафос.

Елмас ја затресе гостинската мрежа по само 45 секунди игра. Голема заслуга за погодокот на нашиот интернационалец имаше Џанлука Скамака. Италијанскиот напаѓач со елегантен потег маестрално му асистираше на Елмас. Тој навремено се уфрли во казнениот простор и со прецизен удар не му остави шанси на гостинскиот голман.

Домашната екипа ја удвои предноста преку Џакомо Распадори во 18-тата минута. Тој беше сигурен реализатор на удар од белата точка.

Пред крајот на полувремето и Скамака се запиша меѓу стрелците. Италијанецот погоди во 44.минута за висока предност во Бергамо од 3:0. Гостите го ублажива поразот преки Бразилецот, Биел во 88-та минута за конечни 3:1 за Аталанта.