Со четирите натпревари одиграни вечрва, комплетирано е 1.коло од групната фаза во фудбалската Лига на шампкиони.

Минхенски Баерн и Манлестер Јунајтед ги оправдаа фавиритските улоги и со победи го статуваа елитното натпреварување.

Германскиот првак Баерн потешко од очекуваното славеше победа во Минхен против Бодо/Глимт со 4-0. Норвешкиот тим кој и минатата сезона беше најпријатното изненадување се покажа како „тврд орев“ за Баварците. Баерн отпорот на противникот го скрши во второто полувреме со головите на Мусиала (47.минута), Хари Кејн (61), Дејвис (77) и Олисе (83).

Манчестер Јунајтед имаше успешно враќање во Лигата на шампионите во која не настапи изминатите две сезони. Популарните „црвени ѓаволи“ пред своите навивачи на „Олд Трафорд“ го совладаа азербејџанскиот Сабах со 4-0. Во првиот дел во лустата на стрелците се запишаа: Куња (27.минута), Бруно Фернандеш (42) у Шешко (45). Конечниот резултат го постави Лисандро Маринез со погодокот во 68-та минута.

Големо изненадување приреди тимот на Комо.

И италијанската екипа која дебитира во Лигата на шампионите ги израдува своите навивачи совладувајќи постигнувајќи четири гола. Комо го победи германскиот Лајпциг со 4-1. Останатите три денешни натпревари завршија без победник со идентичен резултат 1-1.

РЕЗУЛТАТИ 1.КОЛО

четврток
Баерн Минхен – Бодо/Глимт 4-0
Манчестер Јунајтед – Сабах Баку 4-0
Комо – Лајпциг 3-1
Славија Прага – Ленс 1-1
Фенербахче – Рома 1-1
ПСВ – Шахтјор 1-1

Сите голови од трите дена од 1 коло, може да ги ГЛЕДАТЕ ОВДЕ 👇👇