Нови шест натпревари ќе се играат денеска од премиерното коло во фудбалската Лига на шампиони. Изминатите два дена од првата рунда донесоа ефикасен и возбудлив фудбал, па така се очекува да биде и денеска.

Иако, навидум, нема дерби дуели, сепак неколку средби го привлекуваат вниманието.

На „Олд Трафорд“ екипата на Манчестер Сити по две сезони се враќа во елитното натпреварување. Популарните „црвени ѓаволи“, минатите две години не беа дел од Лигата на шампионите. Иако можеби немаат тим за највисок пласман, секако традицијата на Јунајтед ветува дека оваа екипа ќе биде секогаш незгоден противник. А, вечерва Манчестер стартува со дуелот против Сабах Баку.

Програмата ќе биде отворена со натпреварите во Истанбул и Ајндховен, каде Фенербахче и ПСВ ќе ги пречекаат Рома и Шахтјор. Германскиот шампион Баерн Минхен за противник ќе го има минатогодишното најпријатно изненадување во Лигата на шампионите тимот на Бодо/Глимт.

ДВОЈКИ ЗА 1.КОЛО

четврток
18:45 Фенербахче – Рома
18:45 ПСВ – Шахтјор
21:00 Баерн Минхен – Бодо/Глимт
21:00 Комо – Лајпциг
21:00 Манчестер Јунајтед – Сабах Баку
21:00 Славија Прага – Ленс

Сите голови од првите два дена може да ги ГЛЕДАТЕ ОВДЕ 👇👇👇