Супер интересни натпревари донесе првиот дел од 2.,коло во Лигата на шампионите. Неколку изненадувања се случија.
Англискиот шампион Арсенал и шпанскиот Виљареал забележаа сигурни победи. За разлика од нив, европските гиганти Баерн Минхен и Интер приредија големи разочарувања за своите верни навивачи.
Англискиот шампион Арсенал, доминираше на домашен терен и рутински го совладаа француски Лил со убедливи 3:0. Мрежата на гостите ја начна Јуриен Тимбер во 64. минута по одличното додавање од Нони Мадуеке. Само три минути подоцна Еберечи Езе зголеми на 2:0 на асистенција на Букајо Сака. Конечниот триумф го потврди токму Сака во 71. минута за огромна радост на трибините
Германскиот клуб одигра само 3:3 на гостувањето кај норвешкиот Викинг во исклучително драматичен натпревар полн со пресврти. Баварците имаа предност до самиот крај, но домашниот тим извлече голем бод со израмнувачки погодок во судиското продолжение. За Баерн Минхен два гола постигна Хари Кејн, додека еднаш во листата на стрелци се запиша Луис Дијаз.
Италијанскиот шампион Интер доживеа шокантен пораз на домашен терен од белгиски Клуб Бриж со 3:4. Тимот од Милано имаше негатива во текот на целиот натпревар и не успеа да направи целосен пресврт. Двата гола на Лаутаро Мартинез и погодокот на Анж-Јоан Бони не беа доволни за бодови на „Џузепе Меаца“. Белгијците стигнаа до огромна победа најмногу благодарение на извонредниот Николо Тресолди кој забележа неверојатен хет-трик.
За разлика од нив, екипата на Виљареал оствари сигурна победа од 3:1 против италијанскиот претставник Наполи. Шпанците брзо се созедоа по раниот гол на Амир Рахмани и возвратија преку Жорж Микаутадзе и Сантијаго Мурињо. Конечниот резултат го постави Тани Олувасеји во самиот финиш на натпреварот.
Комплетен преглед од денешните натпревари во Лигата на шампионите (сите голови) 👇


































