Фудбалерите на Париз Сен Жермен уште еднаш ја потврдија фаворитска улога за одбрана на титулата во Лигата на шампионите.

Во натпреварот второто коло, популарните „светци“ славеа на гостувањето кај Манчестер Сити убедливо со 2:4.

Целата работа избраниците на Луисен Енрике и ја завршија во првиот половина час. Е во тринаесеттата минута Дуе го отвори резултатот. Токму по негова асистенција две минути подоцна (15) Дембеле ја удвои предноста. Во 35.минута веќе беше 0:3 за ПСЖ, а стрелец на голот беше Витиња.

Надежна на Манчестер Сити ја врати, Халанд по само осум минути игра во вториот дел. Во продолжението, популарните „граѓани“ од Манчестер, притиснаа со сите сили. Сепак брзо дојде одговорот на спротивната страна, кога Аклиуче со прекрасен гол пак ја врати предноста од три гола. Голеадата не заврши тука, бидејќи Ханалд со својот втор гол намали на 2:4, а тоа беше конечен резултат на натпреварот.

ПСЖ го презеде првото место на табелата од Барселона (поради подобрата големи разлика). А, токму овие два тима ќе се „судрат“ меѓусебно во Париз, во следното трето коло, во вторник на 20 октомври.

Сите голови од денешните натпревари на едно место ОВДЕ 👇

Ако се пропуштиле некој гол или сакате да се присетите на сите досегани во Лигата на шампионите погледнете ОВДЕ 👇