Екипата на Интер Мајами за која настапува најдобриот светски фудбалер Лионел Меси е елиминирана во четвртфиналето на КОНКАКАФ Купот.

Ова откако мексиканскиот тим Монтереј и по втор пат славеше победа над американската екипа. Реванш дуелот одигран пред своите симпатизери Монтереј го доби со 3- и со вкупни 5-2 се пласира во следната фаза.

На тимот од Мајами не му помогна ниту Меси кој асистираше за голот на Гомес 3-1. Но, тоа беше предоцна бидејќи Монтереј веќе водеше имаше предност од три гола.

Меси кој има освоено четири трофеи во УЕФА Лигата на шампионите, сепак ќе почека да стане првак на Централна и Северна Америка.