Од НБА лигата ги издвојуваме новите брилијанти настапи на Никола Јокиќ и Лука Дончиќ.
Србинот, Јокиќ со нов трипл-дабл, вкупно 23-ти оваа сезонава го предводеше шампионот Денвер до нова победа. Јокиќ постигна 26 поени на кои додаде 18 скокови и 16 асистенции, а Денвер го победи Кливленд на гостински терен со 130:101.
Словенецот, Лука Дончиќ, заврши со двоен ефект. Лука постигна 47 поени „зачинети“ со 12 скокови и 7 асистенции, а Далас го победи Хјустон со 125:107.
Од останатите натпревари, за одбележување е оној во Бруклин каде ЛА Лејкерс славеше победа со 116-104. До овој триумф „Езерџиите“ ги предводеше Леброн Џејмс кој постигна 40 поени.