Актуелниот шампион Оклахома Сити Тандер е на една победа од ново финале во НБА. Тимот го совлада Сан Антонио Спарс со 127-114 и поведе со 3-2 во финалето на Западната конференција.

Шаи Гилгус-Александар постигна 32 поени, Алекс Карузо донесе силна енергија од клупата со 22, а Џаред Мекејн додаде 20 поени во својот прв старт во плејофот. Со двоен ефект завршија Чет Холмгрен (16 поени и 11 скока) и Исаија Хартенштајн (12 поени и 15 скока).

Тандер постигнаа 82 поени уште пред крајот на третата четвртина, откако во претходниот натпревар постигнаа толку за цел натпревар.

За Спарс, Стефон Касл постигна 24 поени, Џулијан Шампањи додаде 22, а Виктор Вембањама беше задржан на 20 поени со само четири успешни шута од 15 обиди.

Шестиот натпревар ќе се игра во четврток во Сан Антонио. Доколку биде потребен седми (мајсторка) тој ќе биде во сабота во Оклахома Сити.