Њујорк Никс направи уште еден голем чекор кон шампионската титула и поведе со 2:0 во големото НБА финале против Сан Антонио.
Тимот од „големото јаболко“ славеше тесна победа на гостински терен со резултат 105:104 по драматична завршница.
Џелен Брансон ги постигна клучните слободни фрлања на десет секунди пред крајот по грешката на Виктор Вембањама. Младата ѕвезда на Сан Антонио во последниот напад го промаши шутот за победа и донесе огромно славје за гостите.
Карл-Ентони Таунс беше одличен со 21 поен и 13 скокови, додека Брансон и Микал Бриџис додадоа по 20 поени.Кај поразените домаќини најдобар беше Вембањама со 29 поени, а Деарон Фокс постигна 20 поени во овој натпревар.
Никс сега имаат 13 победи по ред, што е втор најдобар плејоф серијал во историјата на НБА лигата.Исто така, тие се само трет тим во историјата кој победил на првите два меча на гостински терен.
Серијата сега се сели во Њујорк каде ќе се игра следните два натпревари.




























