Тимот на Њујорк го направи најголемиот „камбек“ во историјата на НБА финалињата. Никсите и Спарсите одиграа натпревар за кој долго ќе се зборува.
Кошаркарите на Њујорк успеаја да надоместат негатива од 29 поени и да слават победа со 107:106.
Гостите од Сан Антонио изгледаа незапирливи во првото полувреме кое го завршија со 27 поени разлика. Сепак, враќањето во вториот дел на Хикси го поттикна Џејлен Брансон со своите 36 поени. Но, јунак беше ОГ Ануноби кој додаде 33, вклучувајќи победничкиот кош на 1.2 секунди пред крајот, а по промашувањето на Брансон.
Со оваа победа, Њујорк Никс се доближија до освојување на шампионски прстен, нивна прва по 53 години. Историјата е исто така на нивна страна, бидејќи 37 од 38-те тима што воделе со 3-1 во финалето, ја освоија титулата.
Првата шанса Никси ќе ја имаат на теренот во Сан Антонио, во недела во 2.30 часот.





























