Во финалето на Западната конференција во НБа лигата ќе се игра седми натпревар, по кој ќе се знае вториот тим што ќе се бори за шампионскиот трофеј.

Ова откако екипата на Сан Антонио одиграа маестрален натпревар на домашен терен и со убедливи 118:91 славеше над актуелниот првак Оклахома Сити Тандер. Спарси со тоа го израмнија резултатот на 3:3 во победи, па мајсторката ќе решава кој ќе биде првак на западот.

Победата беше решена во третата четвртина кога Спарс направија серија од 22:0 и побегнаа на недостижни 92:64. Херој на вечерта беше Виктор Вембањама со 28 поени, десет скока и три блокади. Вембањама влезе во историјата на франшизата како трет играч со пет плејоф натпревари со најмалку 25 поени и десет скока, придружувајќи им се на Робинсон и Данкан.

Дилан Харпер постигна 18 поени, Стефон Касл 17, а Девин Васел додаде 12 за целосна доминација на домашниот тим. Оклахома изгледаше беспомошно, а Шаи Гилгус-Александар беше ограничен на само 15 поени во еден од најслабите настапи во плејофот.

Сега сè ќе се решава во мајсторка која ќе се игра во ноќта од сабота кон недела во 2 часот пна теренот на Тандер. Победникот ќе обезбеди место во големото НБА финале против Њујорк Никс.