Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа има пад за шест места на денешното рангирање на ВТА листата.

Лина се наоѓа на 241-то место со 312 поени или седум помалку од претходната недела.

Втората македонска тенисерка која има ранг Магдалена Стоилковска. Таа е рангирана на 1203-то место со 9 поени (без промена), но има скок од осум позиции.

Во конкуренција на двојки, Ѓорческа се наоѓа на 374-то место со 226 поени или има пад за една позиција.