Во женскиот одбојкарски шампионат на Македонија, вечерва ќе се одигра големото дерби.

Во меч од 3.коло на плејоф конкуренцијата, екипата на Јанта волеј го пречекува актуелниот шампион Работнички.

Иако екипата на Работнички сезонава е далеку посакуваните резултати, сепак вечерва ќе биде многу по конкурентен.

Имено, шампионот се засили со три нови одбојкарки кои имаат големо интернационално искуство.

Сезонава двете екипи веќе одиграа два неизвесни меча во првата фаза. Во нив беа одиграни по максимални пет сета, а им припаднаа на одбојкарките на Јанта волеј (3:2).

Домаќинките се сигурни на второто место на табелата со „скор“ (12-4 победи-порази), зад неприкосновениот лидер Струмица кој има максимални 17 победи.

Работнички е трет, со девет победи колку што има и Наковски волеј, но струмичанки имаат еден пораз повеќе (8).

Вечерашниот дуел меѓу Јанта волеј и Работнички што ќе се игра во Кисела Вода ќе почне во терминот од 20 часот, а може да го гледате во живо на МРТ3 (линк)

ТАБЕЛА: Струмица жени 17-0, Јанта волеј 12-4, Работнички Скопје 9-7, Наковски волеј 9-8.