Јаник Синер е првиот финалист на Гренд слемот Австралија опен. Италијанскиот тенисер ја прекина победничката серија на Новак Ѓоковиќ во Мелбурн и заслужено славеше победа во четири сета (3:1).
Во првите два сета Ѓоковиќ одигра очајно па освои само три гема (6:1, 6:2). Тешко му одеше на Србинот и во третиот сет кој траеше часи и 18 минути. Двајцата тенисери го добиваа својот сервис, па сетот беше решен во тај-брејкот со 8-6 на поени за Ѓоковиќ.
Дека Ѓоковиќ денеска има лош ден или подобро кажано дека Синер игра одлично потврди и четвртиот сет. По без малку еден час го доби Италијанецот со 6:3, а со тоа и мечот со 3-1.
За Синер ова беше трета победа во последните четири дуели во Ѓоковиќ кој по 11-поуфинални натпревари во Мелбурн, прва пат не стигнува до завршниот, финалниот.
Кој ќе биде противник на Јаник Синер во неделното финале ќе дознаеме по мечот меѓу (3) Русинот, Данил Медведев и Германецот, Александер Зверев.