Екипата на Индијана ја прекина победничката серија на Филаделфија и Џоел Ембид. „Пејсерси“ предводени од новото засилување Сиакам, славеа победа на „76-ките“ со 134-122. Сиакам натпреварот го заврши со трипл-дабл со 26 поени, 13 скокови и 10 асистенции. На спротивната страна очекувано Ембид беше најефикасен со 31 поен, но недоволно да се оствари седмата победа во низа.

Најнеизвесен беше дуелот во Сан Фрабиском каде Голден Стејт загуби од Сакраменто со 133-134. Домантас Сабонис го постигна победничкиот кош на 22 секунди пред крајот. „Вориорс“ ” имаа две шанси до крајот на натпреварот за победа, но не беа успешни.

Харисон Барнс ги предводеше „кралевите“ до победата со 39 поени, додека Де’Арон Фокс додаде 29 поени и пет асистенции.

Дербито на вечерта се одигра во Лос Анџелес, каде домашните Лејкерски ги лсно го совладаа Чикаго со 141-132. Расел со 29 и Леброн со 25 поени беа најефикасните играчи во победничката екипа. За гостите, но и на натпреварот најефикасен беше Де Розан со 32 поени на кои додаде 10 асистенции.