Останува само уште едно слободно место за полуфиналето на Европското првенство за ракометари што се одржува во Германија.

Данска, Шведска и Франција веќе си ја завршија работата и се пласираа меѓу четирите најдобри. За последното место во дуелите за медал конкурираат Германија, Австрија и Унгарија.

Најблиску до него е Германија. Домаќинот вечерва во дуел од групата 1 за противник ја има отпишаната Хрватска. Најверојатно тој меч ќе реши кој ќе биде второ пласиран во групата зад Франција.

Но, и пред него може да се слуќи Германците да станат полуфиналисти. Тоа доколку Австрија и Унгарија не ги совладаат Исланд и Франција.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО (мажи) – Група 1 – Коло 4
15.30  АВСТРИЈА   –  ИСЛАНД
18.00  ФРАНЦИЈА   –  УНГАРИЈА
20.30  ГЕРМАНИЈА  –  ХРВАТСКА

ТАБЕЛА
1 ФРАНЦИЈА 8 бодови
2 ГЕРМАНИЈА 5
3 АВСТРИЈА 4
4 УНГАРИЈА 4
5 ИСЛАНД 2
6 ХРВАТСКА 1