Репрезентацијата на Франција е првиот финалист на Европското првенство за ракометари во Германија.

Во првото полуфинале, олимписки првак Франција по голема драма и продолженија го совлада актуелниот европскиот шампион Шведска со 34-30.

„Триколорите“ одиграа одлично прво полувреме. Трпеливо ја градеа разликата која на паузата изнесуваше најголеми +6 (17-11).

Во второто на „Викинзите’“ им беа потребни само 10-минути да ја анулираат негативата. Со серијата 7-1, во 40-тата минута Шведска израмни на 18-18. Веќе во 52-та минута Швеѓаните ја презедоа предноста и поведоа со 23-22, а потоа и 25-23.

И кога сите очекуваа крај на мечот Швеѓаните направија грешка во последниот напад. На спротивната страна, Прандин ја искористи последната шанса. На истекот на времето беа досудени 9.метри. Прандин од речиси невозможна ситуација погоди за израмнување на 27-27, за дополнителни возбудувања и продолженија.

Во дополнителните 10-минути Французите одиграа подобро и на крајот заслужено се радуваа со конечни 34-30.

Така Шведска остана без шанса да го брани трофејот осбоен пред две години. Французите пак кои во четвртото свое финале ќе го бркаат и четвртото злато..

Кој ќе биде противник на Французите ќе дознаеме по второто полуфинале.

Во него од 20.30 часот ќе играат светскиот првак Данска и домаќинот Германија.