Македонскиот репрезентативец Милан Лазаревски кој имаше одличен настап на Европскиот шампионат, уште две сезони останува во РК Вардар.

Лазаревски кој веќе две години е дел од Вардар ја продолжии соработката со црвено-црните до 2026 година.

„Верувам во овој проект, во клубот во кој сум сега, и драго ми е што ќе останам и понатаму дел од Вардар.

Ова е место што овозможува голема индивидуална и колективна надградба на сите играчи.

Благодарен сум за довербата и вниманието што го добивам од стручниот штаб и управата на клубот. Овој тим што сега го има Вардар допрва ќе го покаже своето вистинско лице.

Мое е задоволството што ќе бидат дел од таа приказна, вели Милан Лазаревски.

Клубот продолжува со задржување на играчите на кои смета и во иднина, со што костурот на тимот и во иднина ќе биде ист.

Лазаревски е еден од неколкуте сегашни играчи што го продолжија договорот со Вардар.