По ден пауза продолжуваат возбудувањата на Европското ракометно првенство во машка конкуренција во Германија.

Денеска на програмата се полуфиналните натпревари по кои ќе знаеме кои селекции ќе се борат за шампионскиот трофеј, а кои за бронзениот медал.

„Битката“ за финалето ќе ја започнат актуелен европски шампион Шведска и олимпискиот првак Франција.

Шведска е најтрофејната селекција на континенталните првенства и ќе атакуваат на седмото финале. Французите пак кои се со три злата се веднаш зад „Викинзите“ го „бркаат“ четвртото финале.

Дуелот меѓу Шведска и Франција што ќе започне од 17.45 часот ќе го судат нашите арбитри Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Второто полуфинале е закажано за 20.30 часот, а во него светскиот првак Данска, за противник ќе го има домаќинот Германија.

Данска и домаќинот Германија се на 4-тото и 5-тото место на вечната листа. Двете земји досега освоија по две злата и едно сребро, па ќе атакуваат на свето четврто финале.

Германците во него последен пат играа 2016-тата во Полска која го освоија трофејот, а Данците две години претходно на свој терен беа поразени од Французите.

Инаку денешната програма ќе ја отворат Словенија и Унгарија (15 часот) со дуелот за петтото место во генералниот пласман.