Настапот на трите македонски претставници во АБА2 лигата е причината за „расцепканото“ 15.коло во Првата кошаркарска лига.

МЗТ Скопје, Пелистер и ТФТ од понеделник ги очекуваат нови натпревари во второлигашката АБА конкуренција. Затоа уште денеска почнуваат дуелите од 15-тата рунда кај нас.

Колото ќе биде отворено денеска со натпреварот во Кисела Вода каде Академија ФМП го пречекува ТФТ. Утре во истата сала „Независна Македонија“ ќе се игра вечното дерби меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички.

Ден подоцна (петок) во Битола е закажано и второто дерби меѓу Пелистер и Еуро Никел.

Оваа рунда ќе биде заокружена во сабота со останатите три натпревари.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 15.КОЛО
среда
18.00 ФМП АКАДЕМИЈА – ТФТ
четврток
19:00 МЗТ СКОПЈЕ А. – РАБОТНИЧКИ
петок
18:00 ПЕЛИСТЕР – ЕУРО НИКЕЛ
сабота
17:00 КОЖУВ – ФЕНИКС
17:00 ВАРДАР – ЧАИР
18:00 ГОСТИВАР – ОХРИД

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 26 бодови, Еуро Никел 25, Работнички 24, Пелистер 24, Чаир 23, ТФТ 22, Феникс 22, Гостивар 18, Кожув 17, Охрид 17, Академија ФМП 17, Вардар 17.