Во пресрет на завршниот натпревар (финалето) на Европското ракометно првенство, ЕХФ го објави најдобриот тим на шампионатот.

Само двајца играчи во „Ол-стар тимот“ беа дел од селекцијата на претходните првенства.

Станува збор за Данецот, Матијас Гидсел кој втор пат во низа е најдобар десен бек. Германскиот голман Андреас Волф и сега е најдобар чувар на мрежата како и на ЕП 2016 во Полска.

„ОЛ-СТАР“ ТИМ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО 2024-та
Голман: Андреас Волф, Германија
Лево крило: Хампус Ване, Шведска
Лев бек: Мартим Коста, Португалија
Среден бек: Јури Нор, Германија
Десен бек: Матијас Гидсел, Данска
Десно крило: Роберт Вебер, Австрија
Линиски играч: Лудовик Фабрегас, Франција
Дефанзивец: Магнус Саугструп, Данска