Репрезентацијата на Данска, е вториот финалист на Европското првенство за ракометари што се одржува токму во оваа земја.

Во второто полуфинале актуелниот светски прваци Данците беа подобри од домаќинот Германија со 29-26.

Домаќините подобро го започнаа натпреварот. Постојано беа во водство кое најмногу изнесуваше три гола. На паузата меѓу двете полувремиња Германците заминаа со два предност (14-12).

Во воведните 6.минути на вториот дел, Данците направија серија од 4-1 и поведоа со 16-15. Од тој момент па се до крајот на мечот светските шампиони одиграа рутинирано и постојано го контролираа резултатот. На крајот Данците славеа со конечни 29-26.

Така Данска по четврти пат во својата историја ќе се бори за златото на Европскиот шампионат. Последен пат Данците играа во финалето во 2014-тата кога на домашен терен загубија од Франција.

А токму Французите (олимписките шампиони) ќе им бидат противници на Данците во финалето

Дуелот за шампионскиот трофеј ќе се игра во недела од 17.45 часот, а претходно (15 часот) за бронзата ќе се борат Данска и Шведска.