Ракометарите на Португалија и Холандија одиграа без победник 33:33 во натпреварот од последното коло од Групата 2 на Европското првенство.

Овој меч немаше резултатско значење за Холанѓаните кои завршија на последното место во групата. Затоа пак имаше големо значење за Португалците кои бркаа победа за освојување на трето место и меч за петтата позиција. Сега „Морепловците“ ќе треба да го чекаат исходот од последниот меч денеска.

Тие се надеваат дека светскиот првак Данска, кој веќе обезбеди полуфинале, ќе остане непоразен против Словенија. Само така Португалија би била трета во оваа група.

Во неа во попладневниот термин ќе се игра скандинавското дерби меѓу европскиот шампион Шведска и „отпишаната“ Данска,