Ракометарите на Франција победнички го потврдија 1.место во групата 1 на Европскиот шампионат, но со тоа и пласманот на Германија во полуфиналето.

Актуелниот олимписки шампион и без неколкумина стандардни првотимци ја совлада Унгарија со 35-32.

Како го презедоа водството во 10-тата минута така Триколорите не го испуштија до крајот на натпреварот. Рутински тие стигнаа до петата победа и без пораз влегуваат во борбата за медали.

Сега последниот натпревар од оваа група меѓу Германија и Хрватска е буквално без резултатско значење. Домашонот Германија ќе заврпи како второ рангиран во оваа конкуренција и ќе игра полуфинале.

Во него Германците за противник ќе го имаат светскиот првак Данска, а Франција ќе игра со европскиот шампион Шведска.