Ракометарите на Исланд славеа победа против Австрија во првиот денешен натпревар од група 1 на Европскиот шампионат.

Исланѓаните славеа пирова победа со 26-24, со која остануваат во игра за третата позиција на табелата.

Имаа Исланѓаните и +6 на полувремето (14-8), но до триумфот дојдоа во завршните 7-8 минути. Сега Исланд ќе се надева на пораз на Унгарија која попладнево игра против Франција, како би завршиле на третата позиција. Со тоа Исланѓаните ќе разигруваат против Словенија за 5.место во конечниот поредок.

Австрија пак која пред ова коло беше во игра дури и за втората позиција, на крајот ќе заврши како четврто или петто пласирана во групата.

Следниот меч меѓу Унгарија и Франција може да го даде и вториот патник од оваа конкуренција во полуфиналето. Доколку Унгарија не слават или одиграат нерешено, тогаш Германците се сигурно втори.

Во спротивно, победа на Унгарија би значело и дека Германија ќе мора да ја победи Хрватска за да игра во полуфиналето.