Ракометарите на Португалија продолжуваат со одличните настапи на Европското првенство во Германија.

Откако пред два дена ја изненадија Норвешка, денеска Португалците славеа и во дуелот со Словенија 33-30.

Мартим Косата со 11 голови одигра фантастичен натпревар, а голманот Диого Маркеш беше брилијантен со осум одбрани.

За Словенија ова беше втор пораз во новоформираната четвртфинална група 2 со кој е се подалеку од пласман во полуфиналето.

Славениците остануваат на два бода, а Португалците имаат четири како и Данска и Шведска.

ГРУПА II – 2.коло
СЛОВЕНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА 30-33
18.00 НОРВЕШКА – ХОЛАНДИЈА
20.30 ДАНСКА – ШВЕДСКА

ТАБЕЛА:
1 ДАНСКА 4 бодови
2 ШВЕДСКА 4
3 ПОРТУГАЛИЈА 2
4 СЛОВЕНИЈА 2
5 ХОЛАНДИЈА 0
6 НОРВЕШКА 0