Ден пред стартот на вториот дел од сезоната во кошаркарското првенство екипата на Чаир го престави новиот играч.

Станува збор за Џон Ангок Акец, играч со Австралиски пасош кој потекнува од Јужен Судан.

Станува збор за кошаркар кој доаѓа од австралиската екипа Нокс, за која во просечно минати 20 минути на паркетот имал ефект од 12 поени и 6 скока.

Тој треба да биде замена за Диванте Мофит кој беше најдобриот играч на чаирчани во првиот дел од сезоната.

Тимот на Чаир е на делба од 3 до 5 место на табелата, со 20 бодови колку што имаат Работнички и Пелистер.

Вториот дел од сезоната Чаир го почнува утре со дуелот против Работнички во СЦ „Кале“.