Поранешниот македонски репрезентативец Дејан Манасков е новото засилување за ракометниот шампион Еурофарм Пелистер.

Од клубот информираат дека Манасков од утре ќе му се стави на располагање на тренерот Бранислав Ангеловски и ќе се приклучи на тренажниот процес.

Левото крило има богата кариера зад себе како на домашната така и на меѓународната сцена.

31-годишниот Манасков го носеше дресот на Металург, Вецлар, Рајн Некар Левен, Веспрем и Вардар.

Со македонската репрезентација беше дел сите успеси во последната една деценија.

Инаку Манасков дополнително треба да ја засили конкуренцијата на позицијата на која пелистерци веќе ги имаат двајца репрезентативците. На истата позиција (лево крило) играат Петар Атанасијевиќ и Цветан Кузманоски.