Рафаел Надал продолжи со одличните игри по враќањето на тениските терени. Тој во второто коло на турнирот во Бризбејн го победи Џејсон Кублер со 2:0 во сетови 6:1 и 6:2.
Во првиот сет Надал направи брејк веќе во вториот гем, а потоа и во четвртиот. Рафа на противникот му дозволи да освои само еден гем.
На сличен начин помина и вториот сет. Рафа го одзеде сервисот на Кублер веќе во првиот гем, а направи нов брејк за 5:2, за веднаш потоа со својот сервис и да стави точка на мечот.
Надал во следното коло ќе игра против уште еден Австралиец, Џордан Томпсон.