Машката ракометна репрезентација на Македонија, попладнево ќе го игра првиот од двата контролни натпревари со Грција.

Овие натпревари се дел од подготовките на македонските ракометари за настапот на европското првенство.

Селекторот Кирил Лазаров ќе може да ја провери моменталната форма на неговите избраници и сработеното досега.

Денешниот натпревар што ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“, а ќе почне од 17 часот е отворен за јавноста, а влезот е слободен.

Утрешниот, втор натпревар ќе биде од затворен карактер.

Македонските ракометари во понеделник заминуваат за Диселдорф каде на 10 јануари со дуелот против Франција го почнуваат својот настап на ЕП.

Покрај „триколорите“ за противници во групата А, црвено-жолтите ќе ги имаат и домаќинот Германија и селекцијата на Швајцарија.