Екипата на битолски Пелстер остана без еден од своите најдобри кошаркари.

Како што кратко информираа од клубот, Американскиот интернационалец Малколм Бернард ја прекинал соработката со зелено-белите.

Бернард кој беше еден од водечките играчи во тимот на Пелистер, кариерата ќе ја продолжи во тимот на Хелиос Домжале од Словенија, кој исто така се натпреварува во АБА2 лигата.

Американецот во второлигашката АБА конкуренција одигра седум натпревари на кои оствари просек од 15,2 поени по натпревар. Сличен учинок имаше и во домашното првенство, каде во просек постигнуваше по 15 поени.