Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски и официјално од денеска е нов члена на шампионот Еурофарм Пелистер.
Кузмановски пред медиумите, партнерите, спонзорите и пријателите на клубот го изрази задоволството од враќањето во својот матичен клуб.
Кузмановски до скори настапуваше за екипата на Вецлар во Бундеслигата, а по подолг период се враќа во Битола.
„Неговото враќање дома е прекрасна вест за нашиот клуб и нашиот град“,
изјави на тренер на екипата Бранислав Ангеловски при промоцијата на Кузмановски.
Своето дерби по кам-бекот Кузмановски треба да го има веќе во среда во натпреварот од Лигата на шампионите против ПИК Сегед во Битола.