Калин Ивановски повторно ќе игра во четвртфиналето на ИТФ фјучрсот турнирот во Монастир, Тунис.
Откако минатата седмица, турнирот што се одржа на исто место, стигна до четвртфиналето во кое беше елиминиран од Французинот, Робин Бертран, сега најдобриот македонски тенисер, ќе се обиде да оди чекор понатаму.
Кали денеска во исцрпувачки меч и со пресврт успеа да го совлада Мароканецот, Адам Мундир со 2-1 во сетови и повторно да се пласира во четвртфиналето.
Најдобриот македонски тенисер, го загуби првиот сет со 3-6, но следните два успеа да ги репи во своја полза. Вториот Калин го доби со 6-4, а во решавачкиот трет сет, иако противникот имаше предност од 5-3 во гемови, Ивановски успеа да се врати во игра и да го добие сетот во тај0брејкот со 7-6.
Негов противник во четвртфиналето ќе биде Австриецот, Себастијан Соргер (998.место на АТП листата) кој беше подобар од 4-носител Французинот, Робин Бертранд.