Скопје ќе биде домаќин на елитен таеквондо спектакл, што ќе се одржи во СЦ ,,Јане Сандански” на 8 и 9 април.

За прв пат македонското таеквондо ќе организира Г1 меѓународен турнир на кој ќе присуствува светската елита од овој олимписки спорт, голем број олимписки и светски медалисти од над 50 држави од цел свет.

Г1 турнирите носат бодови за остварување на олимписка норма, за прв пат љубителите на овој олимписки спорт ќе можат во живо да ги следат борбите на Дејан Георгиевски, Филип Додевски кога се во прашање елитните натпревари.

Носител на организацијата на овој турнир е Македонската Таекводно Федерација заедно со таеквондо клуб Бутел, со значителна помош од Македонски Олимписки Комитет, општина Аеродром.