Новак Ѓоковиќ по седми пат во кариерата го освои Мастерсот во француската престолнина.
Ѓоковиќ во финалето во Париз го совлада Бугаринот, Григор Димитров со 2:0 по сетови со 6:4 и 6:3, по 100 минути игра.
Денеска сè изгледаше толку лесно од гледна точка на Новак Ѓоковиќ. Тој без проблем го задржа својот сервис. Првата брејк топка во седмиот гем беше доволна за Ѓоковиќ за го освои првиот сет.
Во вториот сет слично сценарио. Само што овој пат петтиот гем беше решавачки. Најдобриот светски тенисер можеше да постигне уште поубедлива победа доколку при водство од 4:2 направеше уште еден брејк. Но, тоа му успеа при следниот сервис на противникот, па сетот го доби со 6:3.
За Ѓоковиќ ова беше јубилејната 40-та титула на Мастерс турнирите, а седма во Париз,