Формула 1 трката во Бразил е стопирана, а причината е големиот инцидент и карамбол кој се случи уште на првиот свиок во Сао Паоло.

Стујардите одлучија истата да ја прекинат се додека не се создадат услови таа непречено да започне.

Прекинот сеуште трае повеќе од 25 минути.

Инцидетите најпрво започнаа откако во загревачкиот круг најпрво Шарл Леклерк од Ферари се изврте и удри во заштитната ограда.

Поради оштетувањата на болидот тој ја заврши неславно трката уште и пред да започне.

На стартот уште во првата кривина, Албон се изврте поради судар со друг болид, го закачи Магнусен и Пиастри кои мораа да се откажат на крајот….

Потсетување, Верстапен стартува од пол позицијата, а најмногу профитираа во првиот круг Норис и Хамилтон кој се втор и трет зад Верстапен.