На новообјавената ранг листа на ВТА македонските тенисерки имаа ист број поени како и претходната недела.

Така Лина Ѓорческа се наоѓа на 186-то место (ист ранг) со вкупно 399 поени.

Магдалена Стоилковска е на 1233-то место со 8 поени и скок за четири позиции.

Во конкуренција на двојки Ѓорческа има мал пад од две позиции и е рангирана на 311-то место со 256 поени.

Стоилковска има и тука мал скок од осум места 1467-мо место со 6 поени.